Дневна евиденција
Записи за секојдневната грижа и преглед на информациите за корисниците на домот.
ДОМ НАНА / РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ
Софтвер развиен во соработка со Дом Нана, околу потребите на луѓето што секојдневно се грижат за повозрасните.

КОНТЕКСТОТ
Работата во дом за повозрасни бара континуитет меѓу смените и јасни информации за повеќе улоги. Апликацијата ги обединува дневните записи, извештаите и организацијата во заеднички систем.
Негователите, медицинскиот тим и раководството користат прикази приспособени на нивната одговорност.
ВО СЕГАШНАТА АПЛИКАЦИЈА
Записи за секојдневната грижа и преглед на информациите за корисниците на домот.
Структурирано предавање на смената, со белешки и преглед на извршените активности.
Евиденција на терапија и витални параметри, со пристап според улогата во тимот.
Организација и преглед на посетите и излегувањата на корисниците.
Пријавување на настани и увид во информациите што бараат внимание од тимот.
Директорски преглед, извештаи од смените и координација на секојдневната работа.
ПРИСПОСОБЕНО НА УЛОГАТА
Од преглед на денот до предавање на смена, екраните го следат текот на работата на тимот.
Прикажаните екрани се демонстрациски пресоздавања со измислени податоци.


СЛЕДНИ ЧЕКОРИ
Овие надградби се планирани и не се дел од сегашните достапни функции.
Посебен простор за информирање и комуникација со семејствата, со соодветно определен пристап.
Поддршка за координација со медицински лица надвор од домот, според договорени работни процеси и овластувања.